Во тек на вчерашниот ден се вакцинирани рекорден број граѓани во еден ден – 17.521 лице.
Системот функционира беспрекорно, а капацитетите се повеќе од доволни. Бројката од околу 5000 граѓани кои дневно се вакцинираат со прва доза мора да се задржи што подолго, за да се постигне висок имунитет до крајот на летото.
Вакцините се безбедни, ефикасни и најважно од се штитат од лош развој на болеста, хоспитализација и смрт. Епидемијата секаде во светот во моментот се шири кај невакцинираните, додека оној многу мал процент вакциниран кои се инфицираат со вирусот го поминуваат асимптоматски или со лесни симптоми.
Вакцинацијата е единствен начин да се заштитиме и да се вратиме целосно во нормала, нешто што сите го посакуваме.
Извор: Министерство за здравство