spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Одбележување на Водици 2024

Илинден: Одбележување на Водици 2024

По повод претстојниот празник Богојавление (Водици) во организација на црквата Св. Константин и Елена во населба Илинден,  ќе се одржи традиционалната манифестација за положување на светиот крст во водите на езерото во хотелот Белви н.Илинден, каде главен покровител е Општина Илинден.

За таа цел се повикуваат сите граѓани на ден 19.01.2024 (петок) со почеток во 12:00 часот, со својата масовност да го одбележиме овој голем ден за сите христијани.

Сите заинтересирани учесници за манифестацијата, кои сакаат да го фатат крстот од водите, можат да се пријават во просториите на црквата Св. Константин и Елена во населба Илинден.

За најсреќниот учесник кој ќе успее да го фати крстот, ќе се обезбедат пригодни награди и подароци.

 

 

 

Извор: Општина Илинден

Прочитајте

ДЗС: Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, август 2024 година

0
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2024 година, во однос на август 2023 година,...