Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги известува сите институции (правни лица) кои ги исполнуваат условите од член 51 став (3) од Законот за дивечот и ловството(*) (Службен весник на Република Северна Македонија бр.263/23), дека можат да поднесат Барање за добивање на овластување од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство за изработка на посебни ловностопански основи за ловиштата востановени на територија на Република Северна Македонија.
Во прилог на Барањето за добивање на овластување од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство за изработка на посебни ловностопански основи за ловиштата востановени на територија на Република Северна Македонија, барателите задолжително треба да ја достават следната документација:
– М1/М2 образец за лицата кои ги исполнуваат условите од член 51, став (3) од Законот за дивечот и ловството, во оригинал или копија заверена на нотар;
– Потврда од институцијата (правниот субјект) за изработените посебни ловностопански основи (Името на посебната ловностопанска основа, дата на донесувањето и период на важност) посебно за секое лице кое ги исполнува условите од член 51, став (3) од Законот за дивечот и ловството.
Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство