Теренската вакцинација продолжува и денес, сабота (24 јули) и ќе се спроведува во 10 населени места во земјава.
Вакцинацијата ќе се одвива во следните населени места:
Тетово – Речица, Г.Речица,М.Речица, Калник, Чифлик
Струга – Д.Белица, Враништа
Битола – Ѓавато, Маловиште
Берово – Смојмирово
Министерството за здравство продолжува секојдневно да информира преку соопштенија за денот и местата за теренско вакцинирање за Ковид-19.
Извор: Министерство за здравство