Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2022 година, најголемо учество во бруто-домашниот производ на Република Северна Македонија има Скопскиот Регион со 44.9 %, додека најмало учество има Североисточниот Регион со 4.8 %.
Поголем бруто-домашен производ по жител, во споредба со просекот на Република Северна Македонија, имаат Скопскиот Регион со индекс 135.7 и Југоисточниот Регион со индекс 108.0. Сите други региони имаат бруто-домашен производ под просекот на Република Северна Македонија.
Преземи го соопштението во целост
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел: +389 2 3295 666
е-пошта: press@stat.gov.mk
Извор: Државен завод за статистика