spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Објавен Јавен повик за субвенции на велосипеди

Илинден: Објавен Јавен повик за субвенции на велосипеди

И оваа година Општина Илинден објави Јавен повик за доделување на субвенции за купување на велосипеди. Јавниот повик кој е според Програмата за финансиска поддршка на целни групи граѓани на Општина Илинден за 2024 година, предвидува еднократна парична помош за набавка на велосипеди на лица со постојано место на живеење на територија на општина Илинден.

Целта на оваа мерка е да се стимулираат граѓаните за користење на велосипеди, а износот кој го доделува Општината како финансиска помош изнесува 50% од сумата за која е купен велосипедот или максимум до 4.000 денари по велосипед. Барањата од Јавниот повик ќе бидат разгледувани по редослед според датумот и времето на пристигнување.

Право на учество на Јавниот повик има секој граѓанин со постојано место на живеење во општина Илинден кој ќе купи нов велосипед сметано од 12.02.2024  до 30.04.2024 година.

За сите дополнителни информации заинтересираните граѓани можат да се информираат директно во просториите на Општина Илинден или на официјалната веб страница ilinden.gov.mk.

Download: Јавен повик (PDF)


Врз основа на Програмата за финансиска поддршка на целни групи граѓани на Општина Илинден за 2024 година арх.број 08-3422/13 од 22.12.2023 година и Правилникот за   условите ,  начинот  и критириумите за  доделување  на финансиски средства во вид на  еднократна парична помош за набавка на велосипеди,  инвертер клими односно соларни панели и  помош за млади претприемачи во Општина Илинден донесен од Советот на Општина илинден со бр.08-197/7 од 30.01.2023година, и Одлука за распишување јавен повик донесена од Градоначалникот на Општина Илинден бр.10-575/1 од 12.02.2024 година, Општина Илинден објавува       

ЈАВЕН ПОВИК

за доделување на еднократна парична помош за купување на велосипед во 2024 година за граѓаните со живеалиште на  подрачје  на Општина Илинден  

1. Опис на јавниот повик

1.1. Општина Илинден, согласно Програмата за финансиска подршка на целни групи граѓани на Општина Илинден за 2024 година  донесена од Советот на Општина Илинден предвидува еднократна парична помош  за набавка на велосипеди на лица со постојано место на живеење на територија на Општина Илинден.

1.2. Износот кој Општина Илинден го доделува како финансиска помош за набавка на велосипед  изнесува 50% од сумата за која е купен велосипедот односно до максимум 4.000,00 денари по велосипед.

1.3. Барањата од Јавниот повик ќе бидат разгледувани по редослед според датумот и времето на пристигнувањето.

2. Право на учество на Јавниот повик

Право на учество на јавниот повик за доделување на еднократна парична помош за  набавка на велосипед има секој граѓанин со постојано место на живеење  во  Општина Илинден кој ќе купи нов велосипед сметано од денот на објавување на јавниот повик 12.02.2024 година  до исцрпување на буџетот наманет за јавниот повик а најдоцна до 30.04.2024 година и кои ги исполнуваат условите од овој Јавен повик.

3. Услови што треба да ги исполни барателот

Барателот треба да ги исполни следниве услови:

• да е жител на Општина Илинден;

• да има набавено нов велосипед во Република Македонија сметано од денот на објава на јавниот повик 12.02.2024 година се до исцрпување на буџетот наменет за јавниот повик а најдоцна до 30.04.2024 година.

 4. Начин на пријавување на Јавниот повик

 4.1. За учество на јавниот повик, барателот е должен да ја поднесе следната документација:

 − пополнување на барање  за финансиска подршка за набавка на велосипеди (барањето може да се симне од web страната на Општина Илинден или да се подигне преку архивата на Општина Илинден

− копија од важечка лична карта на барателот,

 − копија  од трансакциска сметка на барателот,

− доказ дека е извршено купување на нов велосипед од Република Северна Македонија – фискална сметка со датум од 12.02.2024 година до 30.04.2024 година односно до затварање на јавниот повик, при што задолжително е велосипедот да е целосно отплатен и плаќањето на рати не се прифаќа.

4.2. Едно лице може само еднаш да аплицира за добивање на финансиска парична помош за набавка на велосипед.

4.3. Барањето за еднократна финансиска парична помош за набавка на велосипед граѓаните го пополнуваат и поднесуваат во затворен плик преку архивата на Општина Илинден.

4.4. Примените барања се  примаат и архивираат со евидентирање  на точното време на поднесување (датум, час и минута), заради воспоставување редослед по кој ќе се разгледуваат барањата.

5. Начин на спроведување на Јавниот повик

5.1. За спроведување на јавниот повик Градоначалникот формира Комисија за спроведување на Јавниот повик за доделување на еднократна финансиска парична помош за набавка на велосипед.

5.2. Општина Илинден  во зависност од динамиката на пристигнување на барањата, периодично ќе ја известува јавноста за преостанатите средства, се до нивно целосно искористување.

 5.3. Исплатата на средствата ќе се врши сукцесивно, според редот на пристигнати барања, се до исполнување на предвидениот буџет за оваа намена.

5.4. Јавниот повик ќе трае до 30.04.2024 година а доколку се исцрпат предвидените финансиски средства Општина Илинден  ќе објави завршување на Јавниот повик  преку својата веб страна. Финансиските средства ќе се сметаат за исцрпени односно доделени кога на предлог на комисијата, Градоначалникот ќе донесе решение за исплата на средствата.

6. Начин на остварување на правото на надоместок

 6.1. Градоначалникот на Општина Илинден на предлог на Комисијата ќе донесе решение за усвојување на барањето на барателите кои ги исполниле условите врз основа на Јавниот повик.

 6.2. Градоначалникот на Општина Илинден на предлог на Комисијата ќе ги извести за неусвојување на барањето, барателите кои не ги исполниле условите врз основа на Јавниот повик

                                                                            

Извор:Општина Илинден                                                   

Прочитајте

Меџити на средба со светските лидери на Конференцијата на ОН за...

0
Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, денеска отпатува во официјална работна посета на главниот град...