Деновиве во сите основни училишта и градинки во Општина Аеродром се поставуваат интерактивни смарт-табли. Таблите се поврзуваат со компјутер и проектор, преку кој се презентира содржината од компјутерот на работната површина на таблата. Ваквиот систем на табла го подобрува интерактивното учење, при што учениците можат истовремено да пишуваат, да цртаат и да комуницираат.
„Во чекор со светскиот развој на технологијата и интерактивните комуникации, ја осовременуваме наставата во училиштата и градинките во Општина Аеродром. Го олеснуваме образовниот процес и овозможуваме полесно совладување на наставата“, изјави градоначалникот Златко Марин.
Општина Аеродром секоја година издвојува значителна сума финансиски средства од својот буџет со цел модернизирање и подобрување на условите во образовниот процес.
20.7.2021
Општина Аеродром
Извор: Општина Аеродром