Министерката Шукова оствари работна средба со градоначалниците и директорите на нивните јавни комунални претпријатија на општините Кочани, Виница, Чешиново – Облешево и Зрновци. На средбата се разговараше за тековните активности за чистење на дивите депонии и за напредокот во воспоставувањето на регионалниот систем за управување со отпад во Источниот и Северо-источниот Регион.
Се разменија информации за предизвиците со кои се соочуваат локалните власти и се дискутираше за предлог мерките за надминување на истите со цел целосно воспоставување и функционирање на регионалниот сиситем за управување со отпад во овие региони.
Исто така, се разговараше и за можноста општините да аплицираат на отворениот повик на Министерството за животна срдина и просторно планиарње за набавка на опрема потребна за реализација на овие активности.
Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање