spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeUncategorizedСтрумица: Се одржа третата мобилност од проектот From Disability to Visibility

Струмица: Се одржа третата мобилност од проектот From Disability to Visibility

Во рамките на третата мобилност од проектот From Disability to Visibility поддржан од програмата Еразмус +, се одржа дебата на тема „Инклузивните практики во образовните системи на Северна Македонија, Романија, Грција, Италија и Србија. Дебата се одржа во Младинскиот центар во општина Струмица, а домаќин на истата беше СОУ „Јане Сандански“ од Струмица. Освен претставниците од земјите гости и училиштето домаќин, на дебатата свое излагање имаа Спасе Додевски, советник во Владата на РСМ, Нела Масалковска, претставник од Секторот за локален економски развој при Општина Струмица, Мери Туџарова, претставник од невладиниот сектор и советник во Советот на Општина Струмица и Тања Црвенковска, специјален едукатор и рехабилитатор во ООУ „Видое Подгорец“.

Извор: Општина Струмица

Прочитајте

Информација по повод одбележувањето на 8 септември, Денот на независноста

0
По повод 8 септември, Денот на независноста, Владата организира свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“. Свечената академија ќе се одржи во...