Од денес, 26.7.2021 (понеделник), започнува комплетната реконструкција на улицата „Народен Фронт“ во Општина Центар.
Со реконструкцијата целосно ќе се уреди коловозната конструкција на површина од 11.542 метри квадратни, а ќе бидат опфатени и трите краци на улицата кои минуваат помеѓу зградите.
По целата должина на улицата „Народен Фронт“ ќе се реконструираат и подигнатите пешачки платоа за смирување на сообраќајот и ќе биде поставено ново енергетски ефикасно ЛЕД-осветлување. Реконструкцијата ќе опфати и обнова на тротоарите, а ќе се воведе и резидентно паркирање за сите станари.
Општина Центар апелира до граѓаните да бидат внимателни при движењето и одвивањето на сообраќајот во периодот додека траат градежните активности.
Извор: Општина Центар