Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2023 година, во споредба со 2022 година, вкупниот број на
говеда е намален за 9.7 %. Намалување на бројот на говедата е забележано кај индивидуалните земјоделски стопанства,
a кај деловните субјекти (земјоделските претпријатија и земјоделските задруги) е забележано зголемување.
Бројот на свињите во 2023 година, во споредба со 2022 година, е зголемен за 5.9 %. Зголемување на бројната состојба
е забележано во двата сектори.
Вкупниот број на овци во 2023 година бележи пад од 9.2 %.
Во истиот период, бројот на козите бележи пораст за 6.7 %.
Бројот на живината во 2023 година, во споредба со претходната година, е зголемен за 11.8 %.
Преземи го соопштението во целост
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел: +389 2 3295 666
е-пошта: press@stat.gov.mk
Извор: Државен завод за статистика