Прашање: Дали меѓупартискиот договор мина без проблеми за утврдување на 17-ти октомври како конечен датум за избори?
Одговор: Мораме да потенцираме дека тука нема потреба од меѓупартиски договори останати состаноци и преговарања, бидејќи сите како ВМРО-ДПМНЕ, како СДСМ така институциите треба да го почитуваат единствено законот, а законот налага дека 17-ти октомври е датумот за локалните избори.
Прашање: Заев истакна дека ЕУ укажала дека не треба во личните карти да има етничка графа и тоа треба да се почитува?
Одговор: Многу пати Зоран Заев, се што изјавил излажал, но еве да не се фокусираме на тоа, можам само да потенцирам дека и европското знаменце на законот за марихуана и канабис којшто сака да го протне Зоран Заев за да се збогати неговата фамилија и неговите најблиски во семејството, не се европска препорака, односно препорака на ЕУ и приоритет за да има европско знаменце во Собранието, па Зоран Заев сепак сака да го помине со европско знаменце.
Извор: ВМРО ДПМНЕ