HomeОпштиниГевгелија: Акција за чистење на одводните канали во градот и населените места

Гевгелија: Акција за чистење на одводните канали во градот и населените места

spot_img
spot_img

Во тек е акцијата за чистење на одводните канали во градот и населените места. По изборот на економски оператор, се чистат одводните канали и депонии во општина Гевгелија. Акцијата започна во Негорци, каде одводниот канал се наоѓа во негова близина, со должина од околу 1.500 метри. Исто така, акцијата се спроведе и во Миравци, каде каналот минува низ центарот на населеното место, а граѓаните честопати се соочувале со проблеми поради неговото излевање. Како и во Гевгелија, каде се чисти каналот „Рауљ“.

Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, истакна дека оваа акција е од исклучителна важност, којашто има за цел заштита од поплави при обилни врнежи од дожд. Имено, потенцира дека последен пат чистење на одводните канали во општината се извршило пред повеќе од седум години, што придонело сливните корита да бидат во доста лоша состојба и со мал капацитет за одводнување.

Извор: Општина Гевгелија

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија