spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниОхрид: Средба на градоначалникот Пецаков со јапонскиот амбасадор

Охрид: Средба на градоначалникот Пецаков со јапонскиот амбасадор

Градоначалникот Кирил Пецаков оствари протоколарна средба со амбасадорот на Јапонија во нашата земја, Н.Е. Оцука Казуја. Непосреден повод за средбата е отворањето на изложбата „UKIYO – E Јапонски лебдечки свет“ на големите јапонски мајстори за дрворези од 17 и 18 век. Изложбата е по повод 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу Македонија и Јапонија, а ќе биде поставена во куќата на Робевци.

Градоначалникот Пецаков се заблагодари за исклучително добрата соработка со Јапонската амбасада и изрази надеж дека и во иднина локалната самоуправа ќе биде во можност да учествува во заеднички проекти со амбасадата.

Избор: Општина Охрид

Прочитајте