spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Скопје и Прага со меморандум ќе работат на имплементација на...

Град Скопје: Скопје и Прага со меморандум ќе работат на имплементација на конкретни проекти

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во рамки на работната посета на Чешка, оствари официјална средба со Градоначалникот на Прага, Бохуслав Свобода. Градоначалниците разговара на повеќе теми за интензивирање на соработката на двата града и отпочнување конкретна реализација на проекти од областа на транспортот, животната средина, цивилната заштита, здравството и економијата.

Арсовска и Свобода ја истакнаа потребата од градење нови пријателства, интензивирање на соработката која едновремено ќе создаде можности за поврзување и работа на заеднички проекти особено во областа на културата, образованието и туризмот, а во рамки на Скопје Европска претстолнина на културата 2028.

Во Прага Градоначалникот Свобода, организираше работни средби во Градското Собрание на Прага, за Планот за одржлива мобилност, Зелениот климатски план 2030, и успешно беа договорени идните мерки и решенија кои треба да бидат превземени за подобрување и унапредување во повеќе области во Скопје со соработка со Прага.

Извор: Град Скопје

Прочитајте

Центар: Герасимовски – Ново Маало доби реконструирана улица „Блаже Тодоровски” и...

0
Градежните активности за реконструкција на улицата „Блаже Тодоровски“ во Ново Маало влегуваат во завршна фаза. Денеска започна асфалтирањето на коловозот во должина од 135 метри...