HomeОпштиниБитола: Вешто возење на учениците во Градскиот парк

Битола: Вешто возење на учениците во Градскиот парк

spot_img
spot_img

Во организација на општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата -Битола во Градскиот парк, на полигонот подготвен од ЈП „Паркинзи“, се одржа вешто возење, како дел од практичниот дел на традиционалната манифестација „Детски семафор“, која годинава се одржа по 51 пат.

На овогодинешниот натпревар учество зедоа 13 основни училишта од Битола, Могила и Демир Хисар со 78 натпреварувачи – поделени во 2 групи, односно мала група – екипа составена од 4 натпреварувачи од 10-12 години ( две момчиња и две девојчиња) и голема група – екипа составена од 2 натпреварувачи над 12 години ( едно момче и едно девојче).

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, на најдобрите им додели медали за поединечен пласман и во категорија момчиња и во категорија девојчиња, како и пехари за екипен пласман на најдобрите екипи.

Оваа активност е дел од сообраќајно воспитните акции и манифестации кои ги организира ОСБСП, а се насочени кон подигнување на сообраќајната култура, но и подобрување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот, посебно ставајќи акцент на велосипредистите како целна група која е масовна, но и најзагрозена категорија на учесници во сообраќајот.

Извор: Општина Битола

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија