Заменик-градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, присуствуваше на состанок со министерот за локална самоуправа Златко Перински што се одржа во Владата заедно со градоначалниците од Скопскиот плански регион.
Главна тема на состанокот беше најавениот проект за доделување 250 милиони евра финансиска поддршка за општините, што е од огромно значење за реализација на капитални проекти, како што се училишта, градинки, водовод и канализација и патна инфраструктура.
Општина Аеродром е подготвена да учествува на јавниот повик за доделување на финансиската поддршка што го најави Владата за септември оваа година, со што ќе се инвестира во подобар и поквалитетен живот на нашите граѓани.
Извор: Општина Аеродром