spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeUncategorizedМЕТ: Заменик министерот Ристески оствари средба со претседателот на КСОМ Ристески

МЕТ: Заменик министерот Ристески оствари средба со претседателот на КСОМ Ристески

Заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески оствари работна средба со Марјан Ристески, претседател на Конфедерацијата  на  Синдикални Организации на Македонија (КСОМ).

Двајцата соговорници на средбата разговараа за повеќе актуелни теми околу правата на работниците во Северна Македонија и социјалниот дијалог кој се реализира преку Економско социјалниот совет (ЕСС)

„Катастрофалната состојба со буџетот на Република Македонија, руинираните институции, корупцијата и нетранспарентното работење се само дел од работите кој ги наследивме од нашите претходници и е нешто што ќе мора да се надмине, кажа заменик министерот Ристески на средбата.

Како што потенцираше заменик министерот Ристески врвен приоритет на Министерството за економија и труд и на Владата е преку отворен дијалог и соработка со синдикатите заедно да креираме квалитетни решенија за сите важни социјални и економски прашања, во рамки и почитувајќи ги законските прописи во државата.

Одличната соработка со синдикатите е врвен приоритет за Министерството за економија и труд и средбите со претставниците на сите синдикатите ќе продолжат во наредниот период.

Извор: Министерство за економија и труд

Прочитајте

Иуте ја проширува понудата на платежни услуги, лиценцирајќи институција за електронски...

0
Естонската групација Иуте, под чијашто капа работи Иуте Македонија, го проширува својот обем на делување во делот на платежните услуги и издавањето на електронски пари,...