HomeОпштиниНеготино: Работна средба со министерот за спорт, Ристовски

Неготино: Работна средба со министерот за спорт, Ристовски

spot_img
spot_img

Во работна посета на Неготино престојуваше министерот за спорт во Владата на Република Македонија Борко Ристовски со кого извршивме увид во состојбата на спортската сала Младост во нашиот град.

За жал, констатиравме дека состојбата е далеку од она што како критериум важи за една функционална спортска сала, односно и двајцата констатиравме дека постојат бројни пропусти кои датираат од последната реконструкција на салата.

Заедно со министерот Ристовски се согласивме дека се потребни дополнителни работи на салата како истата би го добила стариот сјај кога беше гордост на Неготино, но и да се стави во целосна функција на спортските клубови, спортистите и рекреативците од општина Неготино.

Извор: Општина Неготино

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте