Денес градоначалникот Дарко Костовски одржа работен состанок со директорите на општинските основни училишта и директорот и раководителите на градинките на територија на општина Бутел, во новото општинско основно училиште “Визбегово”, на кој се разговараше за подготвеноста на училиштата за почеток на новата учебна година.
Директорите го информираа градоначалникот дека сите паралелки се формирани и дека училиштата се подготвени за почеток на учебната година.
Сите ученици новата училишна година ќе ја започнат со училишни униформи,
мерка која се воведе за првпат во општина Бутел.
Покрај тоа, се обезбедени ранче и прибор за секое прваче.
Оваа учебна година започнува со уште едно ново општинско училиште во
населеното место Визбегово кое е целосно подготвено да ги пречека сите
ученици.
Општина Бутел е подготвена за почетокот на новата учебна година.
Извор: Општина Бутел