Општина Ѓорче Петров постави 1.450 метри квадратни нова тартан подлога на игралиштето „Бранители“, која ќе го подигне нивото на спортот и рекреацијата во нашата заедница.
Се менува подлогата на фудбалскиот терен, кој сега ќе биде уште поудобен и безбеден за сите љубители на овој спорт.
Кошаркарското игралиште, исто така ќе добие нова, висококвалитетна подлога, која ќе ги поттикне младите да го практикуваат спортот во најдобри услови.
Првпат и теренот за серва ќе биде обновен со ваква подлога, овозможувајќи повеќе можности за активност и игра.
Со овој проект ја потврдуваме нашата посветеност за подобрување на животот во Ѓорче Петров.
Извор: Општина Ѓорче Петров