И оваа година обезбедивме 10 000 денари за секое прваче и оброк за сите ученици во основно образование во Општина Новаци.
Исто така и оваа година како и изминатите три ќе набавиме таблети за четвртоодделенците со цел квалитетно следење на наставната програма и содржини.
Општина Новаци постојано вложува во образованието на децата и во подобрување на условите во училиштата. Токму затоа направени се нови санитарни јазли и реновирани се училниците и ходниците во централното училиште, набавени се електронско – технички помагала, смарт табли, телевизори и нагледни средства.
На првачињата им посакувам да се радуваат на првиот училишен ден кој секогаш ќе го паметат како почеток на еден нов период во животот а на останатите ученици им посакувам успешен почеток на учебната година.
Извор: Општина Новаци