Почитувани граѓани, почитувани новинари,
ВМРО-ДПМНЕ, повеќе од три месеци ги блокира законските измени со кои на наставниците и стручните соработници им се обезбедува постојан раст на платите и подобар статус.
Очигледно по налог на Христијан Мицкоски, тројца пратеници на деструктивната ВМРО-ДПМНЕ ја кочат работата на надлежната собраниска комисија. Тоа се:
Благица Ласовска од Штип.
Здравко Трајанов од Радовиш и
Бети Стаменкоска Трајковска од Скопје.
Поради ваквата деструктивност на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски наставниците и стручните соработници не можат да добијат повисоки плати.
ВМРО-ДПМНЕ е против тоа наставниот кадар во основните и средните училишта да има правна и економска сигурност.
На овој начин ВМРО-ДПМНЕ е и против тоа 4.700 наставници и стручни соработници во образованието да добијат трајно вработување.
Вакво газање по достоинството на наставниците и непочитување е одлика на ВМРО-ДПМНЕ, тоа го правеше и во време на режимот.
Но, што им згрешиле наставниците и стручните соработници во образованието на ВМРО-ДПМНЕ?
Тие не се виновни што Мицкоски нема идеја, план, програма, што нема никаква понуда за граѓаните.
Наставниот и стручен кадар е клучна алка во воспитно образовниот процес.
Ги повикуваме пратениците на ВМРО-ДПМНЕ наместо Мицкоски да ги одберат наставниците, наместо блокадите да ги одберат реформите во образованието .
Реформите во образованието се во интерес на граѓаните, на наставниците, на образовниот процес, на учениците.
Извор: СДСМ