Го пуштивме во употреба спортскиот центар во Хиподром кој го изградивме на местото на поранешното училиште Вера Јоциќ.
Граѓаните на Хиподром на едно место имаат:
?Спортски терен за одбојка;
⚾️Спортски терен за ракомет;
?Спортски терен за кошарка;
?️Фитнес зона;
?Детско забавно катче.
Дополнително извршивме партерно уредување со павер елементи и урбана опрема.
Со реализацијата на овој проект извршивме комплетно уредување на површина од 14.816 метри квадратни и ова е најголемиот спортски комплекс на територија на Гази Баба.
Создадовме простор за сите генерации. Најмладите имаат катче за забава, младите спортски терени и фитнес зона за рекреација, а повозрасните простор за одмор.
Извор: Општина Гази Баба























