spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГази Баба: По 61 година, училиштето во Црешово доби Училишна Сала

Гази Баба: По 61 година, училиштето во Црешово доби Училишна Сала


Денес започна со реализација уште еден капитален проект во Oпштина Гази Баба.

По 61 година учениците од Црешево, Виниче и Смилковци кои своето основно образование го поминуваат во ова училиште добиваат училишна сала која ќе се гради согласно сите европски стандарди.

Училишната сала која започнува да се гради ќе може да се користи за различни категории на спорт и тоа кошарка, одбојка, ракомет и други активности од физичкото и здравственото образование.

Дополнително ќе се изградат и помошни простории како соблекувални со тоалети опремени со тушеви, канцеларија за наставниот кадар и простор за складирање и чување на спортските реквизити.

Вкупната вредност на проектот изнесува 34.099.421 денари.

Почетокот на реализацијата на овој проект е благодарение на претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски кој по само неколку денови од својот мандат го реализираше ветувањето за доделување на финансиска поддршка за реализација на капитални проекти во општините.

Образованието останува високо на нашите приоритети. 

Изминатиот период преку нашата посветена работа и бројните реализирани проекти во оваа област покажавме дека може да се создаваат дела кои години наназад ги очекувале граѓаните.

Благодарение на одличната соработка која општините ја имаат со новата Влада во период пред нас ќе се реализираат многу нови капитални проекти кои ќе донесат подобар и поквалитетен живот за граѓаните.

Нека е со среќа почетокот на изградбата на новата училишна спортска сала!

Извор: Општина Гази Баба

Прочитајте

Ѓорче Петров: Празничен Викенд – Магија, Радост и Заедништво

0
Празничната атмосфера оваа година започна токму од општина Ѓорче Петров, носејќи радост, среќа и заедништво за сите генерации. Викендот беше исполнет со низа активности...