На почетокот на оваа сезона на бербата на грозјето, лозарите се соочуваат повторно со истите долгогодишни проблеми.
Цената по која се откупуваше грозјето долги години е 11 денари за смедеревка и 13 денари за вранец, цена која е нерентабилна, додека лозарите бараат да им се исплаќа по 16 и 17 денари.
Од година во година цената и квалитетот на домашните вина постепено расте, продажбата е проширена и зголемена, а цената на суровината е на исто ниво.
Оттука и незадоволството кај лозарите, и вината за ниските откупни цени на грозјето ја гледаат во винариите и државата. Тие бараат фер цена за грозјето, банкарски гаранции за исплатата, како и контроли за шеќерноста за да нема манипулации кај истата.
Левица како партија на работниот народ и земјоделците, во потполност ги поддржува барањата на лозарите за државно гарантирана рентабилна цена на грозјето, и партнерски, а не поданички однос меѓу винариите и лозарите.
Лозарството е гранка со голема традиција кај нас, и за успех на истата потребно е ослободување на лозарите од прангите на винската олигархија.
Извор: ЛЕВИЦА