По повод освоено второ место на државно првенство на Ракометна Федерација на Македонија, ракометарите – категорија кадети и стручниот штаб на РК МЛАДОСТ 1977 АД Богданци, денеска имаа средба со Градоначалникот, кој го пофали нивниот успех. Домаќин на F4 во Македонија беше РК Младост кој во полуфиналето играше со РК Вардар каде по освоената победа клубот успеа да се пласира во финале со РК Металург Скопје и го освои второто место.
За најдобар играч на ова првенство беше избран ракометарот Стојанче Наумовски.
За таа цел, од страна на Градоначалникот, Блаже Шапов, на ракометарите им беа доделени Благодарници и пехар за особен придонес за развој на ракометот во Богданци.
Градоначалникот изразувајќи го своето огромно задоволство од досегашните постигнати резултати, особено од големиот успех со пласманот во Фајнл фор, им посака што поголеми успеси во иднина нагласувајќи дека ракометарите и понатаму ќе ја имаат неговата поддршка во рамките на можностите на општината со единствена цел за унапредување на спортот во општината.
Извор: Општина Богданци