spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБогданци: Младите ракометари на РК МЛАДОСТ 1977 АД Богданци на прием кај...

Богданци: Младите ракометари на РК МЛАДОСТ 1977 АД Богданци на прием кај Градоначалникот

По повод освоено второ место на државно првенство на Ракометна Федерација на Македонија, ракометарите – категорија кадети и стручниот штаб на РК МЛАДОСТ 1977 АД Богданци, денеска имаа средба со Градоначалникот, кој го пофали нивниот успех. Домаќин на F4 во Македонија беше РК Младост кој во полуфиналето играше со РК Вардар каде по освоената победа клубот успеа да се пласира во финале со РК Металург Скопје и го освои второто место.

За најдобар играч на ова првенство беше избран ракометарот Стојанче Наумовски.

За таа цел, од страна на Градоначалникот, Блаже Шапов, на ракометарите им беа доделени Благодарници и пехар за особен придонес за развој на ракометот во Богданци.

Градоначалникот изразувајќи го своето огромно задоволство од досегашните постигнати резултати, особено од големиот успех со пласманот во Фајнл фор, им посака што поголеми успеси во иднина нагласувајќи дека ракометарите и понатаму ќе ја имаат неговата поддршка во рамките на можностите на општината со единствена цел за унапредување на спортот во општината.

Извор: Општина Богданци

 

Прочитајте

ДИК: Извори – Претседателски и Парламентарни избори 2024 година

0
Прочитајте и дознајте: 👀👇 РЕЗУЛТАТИ - ДИК Извор: Државна изборна комисија