spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниВелес: ЕУ Амбасадорот Дејвид Гир во посета на Велес

Велес: ЕУ Амбасадорот Дејвид Гир во посета на Велес

На 10 август годинава, Градоначалникот Аце Коцевски оствари средба со Н.Е. Амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир.  На средбата во Општина Велес, Коцевски го запозна амабасадорот Гир со клучните специфики на општината, нејзината историја, култура и актуелни предизвици. Процесот на децентрализација, неопходните реформи на системот на финансирање на општините, перспективите за привлекување на инвестиции и потенцијалите за вклучување на младите во одржливиот развој беа дел од темите на средбата.

Амбасадорот Гир укажа на значењето на зелените решенија и заштитата на животната средина во контекст на климатските промени. Како што беше констатирано на средбата овие теми веќе се и ќе бидат од исклучителна важност на глобално ниво.

Амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир престојуваше во Велес во рамките на посетата посветена на проектот „СМАРТ езеро Младост- Прва иновативна туристичка атракција во Македонија. Тој најави идни посети на Велес за време на културните манифестации и младинските активности.

Градоначалникот Коцевски пред присутните новинари искажа благодарност за поддршката што ЕУ и ја дава на Општина Велес и за можноста да го препознае овој значаен проект кој нуди големи можности за сите посетители на езеро Младост. „Со подпроектот СМАРТ ЕЗЕРО Младост –Прва иновативна туристичка атракција во Македонија,  Европската Унија со помош на Проектот за локална и регионална конкурентност и Светска банка му даде огромна шанса Велес да прерасне во значајна транзитна туристичка дестинација не само во земјава, туку и пошироко во регионот и да го искористи потенцијалот на езерото крај кое годишно поминуваат над два милиони туристи. Со проектот ја добивме првата СМАРТ туристичка дестинација во државата која овозможува развој на транзитниот туризам со примена на нови дигитални технологии. Проектот ќе  отвори нови работни места и ќе  ја зајакне локалната економија што е од исклучителна важност за Велес”, рече Коцевски.

При посетата на езерото и увидот на градежните работи на проектот „СМАРТ езеро Младост – Прва иновативна туристичка атракција во Македонија”, амбасадорот истакна дека посетата на туристичкото биро во центарот на градот претставуваше одличен почеток на денот. „Денес сум дојден лично да ги видам убавините и културните содржини кои се на езерото Младост. Овој проект, финансиран од Европската Унија, е проект кој го поддржува развојот на Велес. Преку поддршката на туризмот, го потпомагаме развојот на општините при што се внимава на заштитата на животната средина и затоа овој туризам се нарекува ‘зелен туризам’. Ова е фантастичен Еко камп, кој дава одлични можности за игра и забава на децата.  Кога јас растев немав можност да гледам вакви паркови и капацитети кои нудат разни можности и со задоволство ќе дојдам на есен да уживам во потенцијалите на овој проект на езерото Младост”, рече Гир.

Проектот е во вредност од 61,972.091 денари. Придонесот на Европската Унија изнесува 55.505.755 денари, а учеството на Општина Велес  6.466.336 денари.

Извор: Општина Велес

Прочитајте

Мицкоски на средба со дијаспората во Њујорк, да се обединиме во...

0
Почитувани, Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски оствари средби со македонската дијаспора во Њујорк, САД. Присуствуваше на вечерната богослужба во чест на светите...