Заедно чекориме по патот на напредокот.
Хиподром 2 повеќе не е заборавена населба!
Над 2000 луѓе беа дел од отворањето на најголемиот зелен парк во општина Гази Баба – изграден на 11.000 м² свежина и убавина!

Изградивме детско забавно катче и нов спортски кошаркарски терен со тартан подлога – затоа што нашите деца и младите го заслужуваат само најдобро!

Ова е само почеток!
Продолжуваме посветено, со енергија и љубов за секое маало, за секој граѓанин!
Напред Хиподром 2!
Нашата сила е во заедништвото!
Извор: Општина Гази Баба























