HomeОпштиниКисела Вода: Доделени уверенијата на новата градоначалничка и новите советници

Кисела Вода: Доделени уверенијата на новата градоначалничка и новите советници

Општинската Изборна Комисија им ги додели уверенијата на новоизбраната градоначалничка Бети Стаменкоска Трајкоска и на 27-те членови на новиот состав на Советот на Општината, избрани во првиот круг на локалните избори, одржани на 19 октомври.

Зголемениот број советници во овој состав е резултат на растот на бројот на жители во општината, согласно законските одредби за локалната самоуправа. Во новиот советнички состав, 17 советници се од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, 5 од Левица, 4 од СДСМ и 1 од партијата ЗНАМ. Советот брои 17 мажи и 10 жени, претставници на различни професии и генерации.

Во нареднот период ќе биде закажана конститутивната седница на Советот, на која ќе се избере претседател и официјално ќе започне новото четиригодишно поглавје во развојот на општината.Членови на Советот на Општина Кисела Вода, со мандат 2025 – 2029 година се:

ВМРО – ДПМНЕ И КОАЛИЦИОНИ ПАРТНЕРИ1. Светлана Колариќ2. Николче Николовски3. Сашо Андонов4. Елизабета Брсакоска-Георгиевскa5. Антонио Десковски6. Петар Младеновски7. Зорица Огненовска8. Билјана Стојановска9. Бојан Димковски10. Златко Костадиновски11. Марија Атанасова12. Бранислав Зукиќ13. Драган Василевски14. Љубиша Спасовски15. Мануелка Ивановска16. Христос Папули17. Пецо Долевски

ЛЕВИЦА18. Донче Мишовски19. Петар Здравевски20. Маја Дургутова21. Љубиша Петровски22. Давид Бошковски

СДСМ23. Даниела Настова Пиштолова24. Роза Андова25. Владимир Грујовски26. Зорица Коцева

ДВИЖЕЊЕ ЗНАМ27. Сашо Петровски

Извор: Општина Кисела Вода

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте