HomeОпштиниИлинден: Завршна фаза на градежните активности за изградба на паркинг простор и...

Илинден: Завршна фаза на градежните активности за изградба на паркинг простор и заштитна ограда

spot_img
spot_img

Проектот за изградба на нов паркинг простор во рамки на Средното општинско стручно училиште „Илинден“ е во завршна фаза. Општина Илинден со оваа инвестиција овозможи паркинг простор на површина од приближно 550м², со капацитет за од околу 30 возила, кој ќе се користи за потребите на училиштето, со што ќе се овозможат подобри услови за работа и поголема сообраќајна уреденост во непосредната околина.

Во завршна фаза е и реализацијата на проектот за поставување нова заштитна ограда околу спортскиот комплекс „Драго Маневски“. Во рамки на активностите се изведуваат бетонски работи и се поставува ограда во должина од околу 250 метри, со што значително ќе се зголеми безбедноста на сите корисници на спортскиот простор.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, изврши увид во завршните фази на градежните активности и истакна дека ваквите проекти се насочени кон подобрување на условите за функционирање на образовните институции, како и кон унапредување на функционалноста и безбедноста на спортската инфраструктура.

Општина Илинден продолжува со посветена реализација на инфраструктурни проекти кои придонесуваат за поквалитетен живот на граѓаните и создавање современи услови за образование, спорт и рекреација.

ПОГЛЕДНЕТЕ👈👀

Извор: Општина Илинден

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте