HomeОпштиниОхрид: ВО БЕЛГРАД СЕ ОДРЖА ТРАДИЦИОНАЛНАТА „ОХРИДСКА ВЕЧЕР“

Охрид: ВО БЕЛГРАД СЕ ОДРЖА ТРАДИЦИОНАЛНАТА „ОХРИДСКА ВЕЧЕР“

spot_img
spot_img

Помоција на туристичките потенцијали на Охрид пред претставниците на туристичкиот сектор од целиот регион, беше целта на традиционалната „Охридска вечер“ која се одржа во Белград, Србија.

‎

‎На свеченоста присуствуваа бројни гости од туристичките агенции, хотелскиот сектор и институции поврзани со туризмот од Србија и неколку Балкански држави.

‎

‎Во рамки на програмата, на градоначалникот Кирил Пецаков му беше доделена специјална повелба од страна на Балканска алијанса на хотелски асоцијации (BAHA), како признание за гостопримството, посветеноста кон соработката и придонес кон заедничкиот успех во развојот на туризмот на Балканот.

‎

‎Охридската вечер е дел од промотивните активности на Општина Охрид во рамки на 47-то издание на Меѓународниот саем за туризам, кој деновиве се одржува во Белград.

1000006419

Извор: Општина Охрид

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте