HomeОпштиниКуманово: Одбележан Денот на просветни работници Албанци

Куманово: Одбележан Денот на просветни работници Албанци

spot_img
spot_img

Се одржа централната манифестација по повод 7 Март, Денот на просветни работници Албанци. Настанот е во организација на ЗНА “Наим Фрашери”, Куманово – Липково.

Со свои обраќања на присутните им се обратија претседателот на ЗНА “Наим Фрашери” Самет Јахиу и раководителот на Сектор за образование Александар Јовановиќ, кои го потенцираа секојдневниот ангажман на албанските наставници преку посветена работа, со цел збогатување на едукацијата и образование на мајчин јазик.

На манифестацијата беа доделени признанија на истакнати просветни работници и ученици. Во рамките на културно – уметничката програма, организирана од страна на ученици од ООУ “Толи Зордумис”, настапија деца од училиштата во Куманово и Липково, со интерпретација на музички точки и рецитали, во чест на Денот на просветни работници Албанци.
Како претставник на општинската администрација, на настанот присуствуваше и раководителот на Сектор за поддршка на градоначалник, Совет на Општината, информирање и односи со јавност и ИТ, Фатос Аќифи.

Извор: Општина Куманово

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте