Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, во присуство на секретарот Емилија Сларидис Јаневска, имаше работна средба со претставници од Националниот демократски институт (NDI) во Македонија, во рамки на проектот “Заедници со интегритет”, имплементиран од NDI, со поддршка на владите на Швајцарија и Кралството Шведска.
На состанокот присуствуваа програмскиот директор Лидија Зафировска, тим лидер на проектот Дејвид Сип и директор на NDI Македонија, Роберт Хејзлет.
Целта на проектот е зајакнување на транспарентноста и институционалниот интегритет на локално ниво.
Дел од проектните активности беше и денешната обука за заштитено внатрешно пријавување, која се реализираше во кружната сала на зградата на поранешен Комитет.
На едукацијата учествуваа претставници од општинската администрација, раководители и советници, кои се запознаа со законските обврски и механизмите за безбедно и доверливо пријавување на неправилности.
Обуката ја спроведе Ирена Поповска, раководителка на Сектор за спречување на корупција и овластено лице за заштитено внатрешно и заштитено надворешно пријавување во Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК).

Извор: Општина Куманово
































