Градоначалникот на Општина Куманово оствари посета на фабриката DRÄXLMAIER во Куманово, каде што се реализираше крводарителска акција организирана од компанијата, во соработка со Општинската организација на Црвен Крст Куманово и Институтот за трансфузиона медицина – Скопје.За време на посетата, градоначалникот ја поздрави оваа хумана иницијатива и го истакна значењето на ваквите активности кои директно придонесуваат за спасување човечки животи и јакнење на свеста за солидарност и општествена одговорност.Вработените во компанијата, преку масовно учество, уште еднаш го потврдија својот волонтерски дух и подготвеноста да дадат придонес за заедницата.Во рамки на посетата, беше извршена обиколка и на специјалната училница каде што се спроведува дуално образование според германски стандарди. Овој современ пристап овозможува стекнување практични знаења и вештини и претставува важен сегмент во подготовката на младите за пазарот на труд.Крводарителската акција е дел од активностите со кои DRÄXLMAIER го одбележува своето петгодишно присуство во Куманово, при што компанијата континуирано ја потврдува својата улога како одговорен партнер на локалната заедница.Општина Куманово ќе продолжи да ги поддржува ваквите иницијативи кои придонесуваат за развој на заедницата, унапредување на образованието и промоција на хуманите вредности.

Извор: Општина Куманово























