Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски оствари средба со амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија Н.Е. Михалис Рокас и заменик амбасадорот Бен Нупнау, во рамките на предвидената работна посета на Куманово.
На работната средба се дискутираше за реализирани и тековни проекти со поддршка на ЕУ, значајни за развој на локалната заедница. Беше споделено обостраното задоволство од меѓусебните односи, кое ќе се одржува преку континуирана соработка и дијалог, со цел спроведување на проектни активности во сите општествени области. Евроамбасадорот одржа средба и со членовите на Советот на Општина Куманово, на која се разговараше на актуелни теми, со акцент на соработката со ЕУ и бенефит од спроведените проекти, кои имаат огромно значење за граѓаните на нашата локална самоуправа.

Извор: Општина Куманово
































