HomeОпштиниБитола: 2-ри април - светскиот ден за подигање на свеста за аутизмот

Битола: 2-ри април – светскиот ден за подигање на свеста за аутизмот

Секој 2 април светот се обојува во сино, но за нас во ОУРЦ „Кочо Рацин“, оваа боја не е само симбол – таа е секојдневие исполнето со искрени насмевки, уникатни погледи на светот и неуморна борба за прифаќање, беше речено на одбележувањето на кое присуствуваше и заменик градоначалничката на Битола Марина Крстиќ.

Денес не само што го одбележуваме Светскиот ден на свесноста за аутизмот, туку го славиме секое дете кое нè учи дека комуникацијата не секогаш бара зборови, а љубовта нема граници. Светот е поубав кога ги прифаќаме различностите.

Испратени беа пораки за трпение затоа што на некои им треба малку повеќе време за да го обработат светот околу себе, потоа порака за емпатија за да почувствуваме што се крие зад тишината или зад необичните движења и третата порака за инклузија затоа што секое дете заслужува шанса да учи, да игра и да биде дел од заедницата.

На денешното одбележување во Основното училиште во ресурсен центар „Кочо Рацин“ Битола беше кажано дека секое дете е како уникатно парче од сложувалка – без него, сликата на нашето општество не би била целосна.

Извор: Општина Битола

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте

Мицкоски: Оваа Влада за две години ја зголеми просечната старосна пензија...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на одлуката дека ќе се прави пресметката согласно...