Во знак на спомен и почит кон трагично загинатите херои, осуммината авијатичари, на 6 април во 1941 година, се одржа свечена комеморација, пред спомен – обележјето на улицата Никола Тесла во Куманово, во организација на Српската заедница во Македонија – Кумановски регионален одбор.
Во име на Општина Куманово, свежо цвеќе положија делегациите предводени од градоначалникот Максим Димитриевски и претседателката на Советот на Општината, Ивана Ѓорѓиевска, во присуство на бројни високи претставници од државни институции, од дипломатскиот кор, граѓански здруженија, невладини организации и политички субјекти. Присутните на настанот проследија пригодна културно – уметничка програма, во чест на историскиот датум, кој го означува почетокот на Втората светска војна, со нападот на германската авијација врз Кралството Југославија.

Извор: Општина Куманово
































