Со пригодна церемонија, во Занаетчиски дом, беше одбележан јубилејот на кумановското јавно претпријатие, кое опстојува две децении, задоволувајќи ги потребите и интересите на граѓаните во Општина Куманово. Присутните имаа можност да проследат видео – презентација, за досегашните успешни постигнувања и проектни активности на оваа институција.На настанот со пригодни зборови се обратија директорот на ЈП “Куманово гас” – Куманово, Марко Митровски, градоначалникот на Општината, Максим Димитриевски, на кого му беше доделена благодарница за досегашната несебична поддршка и заменик министерот во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини на РСМ, Мирослав Лабудовиќ, кои ги истакнаа вредносните капацитети и можности за поголем и прогресивен развој.Свечената програма ја увеличаа наставниците од УОМО “Панче Пешев” – Куманово, кои се претставија со нумери од класичната музичка уметност.Во знак на благодарност и почит, на досегашните директори, кои ги поставија и трасираа основите на претпријатието, Момчило Мирчевски, Драган Петровски и Никола Денковски, им беа доделени благодарници.Изненадување на славеничката вечер беше благодарница од име на вработените во јавното претпријатие до директорот Митровски, која му ја врачи градоначалникот, посакувајќи му успех во понатамошната работа.Дел од многубројните поканети гости беа претседателката Ивана Ѓорѓиевска и членови на Советот на Општината, претставници од општинската администрација, соработници и претставници од високи државни институции, јавни претпријатија и установи, како и претставници од бизнис заедницата.

Извор: Општина Куманово























