На плоштадот „Филип Втори“ и на скверот „Коцка“ во Автокоманда, поставивме бесплатни WIFI зони достапни за сите граѓани.
Со ова овозможуваме полесен и побрз пристап до интернет, комуникација без ограничувања, користење на дигитални услуги, учење, работа и информирање – директно од јавен простор.

За младите, ова значи повеќе можности – место каде можат да учат, да се поврзуваат, да креираат и да напредуваат во дигиталниот свет.
Продолжуваме со реализација на овој проект и во другите населби низ Oпштина Гази Баба – чекор по чекор, за модерна и поврзана општина за сите!

Извор: Општина Гази Баба

























