По неколку одржани состаноци со директорот на Агенцијата за вработување на С. Македонија, работните групи од Синдикатот на УПОЗ и Агенцијата за вработување, започнаа со изготвување на текстот на Колективниот договор за вработените во АВРМ.
Работните групи ќе продолжат со работа и идната недела и очекуваме во најбрз рок да се потпише Колективниот договор со кој ќе се подобрат правата на вработените.
Извор: УПОЗ