Општина Кавадарци во населба Глишиќ раелизира градежен проект за обновување на ул.„Сава Ковачевиќ“. Според планот треба да се изврши отстранување на стариот оштетен асфалт, а на негово место да се постави нова асфалтна подлога со дебелина од 7 сантиметри. Проектот предвидува реконструкција на улицата во должина од 300 метри каде ќе се асфалтира површина од 1200 метри квадратни.
Претходно на оваа делница се постави линија за атмосферска канализација со решетки за зафаќање на површинските води. Работите кои започнаа ги изведува фирмата „Градба промет“ од Кавадарци.
Извор: Општина Кавадарци