Општина Кавадрци започна со реализација на нов комунален проект во урбаната населба „Бел Камен“.
Оперативата на „Градба промет“ од Кавадарци изведува градежни работи на проширување на делница од улицата „8-ми Септември“ на потегот од ВВ „Тиквеш“ до спојот со улицата „Бел камен“ во должина од 200 метри.
На оваа локација ќе се оформи нова коловозна лента од 7 метри со тротоар на двете страни секој со ширина од 2 метри.
Извор: Општина Кавадарци