Центар: Известување – Конкурс за локацијата кај поранешна ф-ка „Треска“

ОпштиниЦентар: Известување - Конкурс за локацијата кај поранешна ф-ка „Треска“
spot_img

Најчитано

spot_img
spot_img

На 64-тата седница на Советот на Општина Центар, која се одржа вчера (6.5.), како четврта точка на дневниот ред беше разгледуван даден одговор од страна на Агенцијата за планирање на просторот на Република Северна Македонија. Дописот претставува одговор на покана за делегирање на членови во комисија за организирање на конкурс за избор на идејно решение за локацијата на некогашната фабрика „Треска“. Агенцијата преку дописот, без образложение наведува дека нема да делегира членови и заменик член во состав на комисијата за јавни набавки и во состав на жири комисијата за избор на идејно решение за локацијата на некогашната фабрика „Треска“. Општината, откако Агенцијата за планирање на просторот одби да делегира членови, се обрати до Архитектонскиот факултет при Универзитетот Американ Колеџ, од каде доби позитивен одговор и двајца нови членови во комисиите за конкурсот кој се однесува на поранешната фабрика „Треска“.

Во прилог на овој даден одговор од страна на Агенцијата, беше изнесен и допис-известување со опомена од страна на подносителите – инвеститорите и сопствениците на земјиштето, сите преку овластен полномошник – адвокат, преку кој допис на најгруб можен начин беше упатена директна закана кон Советот и советниците на Општина Центар. Имено, преку дописот кој би требало да биде сфатен како крајна опомена пред поднесување кривична пријава до сите советници и градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, доколку не се донесе Заклучок за прекин на работата на конкурсната Комисија и прекин на постапката за спроведување на конкурсно решение како и да не се посегнува кон суспензија на постојните детални урбанистички планови.

Доколку, како што се наведува во дописот, не биде испочитувана волјата на подносителите, а со тоа Советот опстои на досегашниот став, подносителите преку полномошникот – адвокат, ќе поднесат кривични пријави за кривично дело  -Злоупотреба на службената положба и овластување и кривично дело – Несовесно постапување во службата.

Во смисла на изнесеното, сакаме да ја известиме јавноста дека Советот во целост е згрозен од ваквото грубо мешање во работата на советот и уверувањето на советниците при носење на одлуки на пленарна седница. Советот на пленарната 64-та седница констатираше дека преку ваков допис се врши директен упад во уверувањата на советниците кои согласно Законот за локална самоуправа се претставнички орган на граѓаните, а членовите на советот одлучуваат по свое уверување. Членот на советот не може да биде отповикан.

Оттаму овој допис Советот, односно советниците го сметаат за најгруб притисок врз работата на Советот на начин што преку отворена закана за поднесување неосновани кривични пријави, се врши диктат какви одлуки да отповикаат и какви да донесат на нивно место, само за да ја задоволат волјата на приватните инвеститори, а сето тоа на товар и на штета на оние кои што ги избрале – граѓаните.

Извор: Општина Центар 

spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Читај повеќе

spot_img
spot_img