spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБитола: Ново возило за питка вода при непогоди

Битола: Ново возило за питка вода при непогоди

Во стопанскиот двор на ЈКП „Водовод“ Битола беше промовирана новата цистерна за обезбедување на технички исправна вода за пиење при случаи на непогоди за граѓаните на општините кои гравитираат на овој дел од регионот Битола, Могила, Новаци. Градоначалничката Наташа Петровска, заедно со министерот за локална самоуправа Горан Милевски, директорот на ЈП Водовод Битола Горан Козаров, директорот на Центарот за развој на Пелагониски плански регион Гого Видимче и грчкиот конзул во Битола Ахилеас Ракинас, присуствуваа на промоцијата на возилото.

 

„Како претседател на Пелагонискиот плански регион, навистина ми е задоволство што го промовираме возилото кое што е од исклучителна важност, посебно затоа што е возило кое овозможува технички исправна вода за пиење во кризни ситуации. Кога на ниво на Пелагониски регион дискутиравме со градоначалниците, апсолутно не постоеше дилема дека вакво нешто треба да поддржиме, бидејќи во мирни околности треба да бидеме подготвени за кризни ситуации, за кои би сакала воопшто да немаме потреба да го користиме. Меѓутоа, ова мултифункционално возило нуди и други погодности, кои со успешно менаџирање ни даваат шанса максимално да се експлоатира. Ова е уште еден пример за успешна соработка со Република Грција и она што значат прекуграничните проекти за жителите на двете страни на границата и што значат европските перспективи кои што локалните и централните политики ги овозможиле“, рече градоначалничката Наташа Петровска.

 

„Би сакал да потенцирам дека ова е важно за битолчани и понатаму преку прекуграничните соработки поддржани од ЕУ, партнерски со Грција но и со останатите соседи ќе го подобруваме квалитетот на животот на граѓаните низ целата држава“, посочи Горан Милевски, министер за локална самоуправа.

 

Директорот на ЈКП Водовод истакна дека ова возило е премногу скапо да се купи со сопствени средства, бидејќи нема секојдневна применливост во работата, но има исклучителна примена во кризни ситуации.

 

„Возилото, покрај вода за пиење во кризни подрачја е надоградено со противпожарен топ, со прскалки кои ќе користат за миење на улиците после одреден дефект, а ќе биде наменето за цел регион“, рече Козаров.

 

„Главна цел на овој проект е заштита на населението од природни непогоди и катастрофи предизвикани од човечкиот фактор. Набавката на цистерната е една од примарните активности во рамките на проектот „Заедничка прекугранична соработка за заштита на населението од природни непогоди и катастрофи предизвикани од човечки фактор (Ј-CROSS)“ кој Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион го имплементира во рамките на Програматата за прекугранична соработка Interreg – IPA CBC 2014-2020 финансиски поддржана од ЕУ и Министерството за локална самоуправа“, истакна Гого Видимче, директор на ЦРППР.

Инвестицијата е во износ од 73.900 евра во кои Министерството за локална самоуправа учествува со 15% или 11.085 евра.

Извор: Општина Битола 

Прочитајте

Центар: Зелено светло за бесплатни тренинзи на јуниорите на КК Работнички...

0
На 35. Седница на Советот на Општина Центар е усвоен предлогот на градоначалникот Горан Герасимовски за користење на училишната спортска сала во ООУ ,,Коле...