spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБитола: По 60 години жителите на дел од улицата „Прогрес“ влегуваат без...

Битола: По 60 години жителите на дел од улицата „Прогрес“ влегуваат без кал во домовите

„Живеам овде 60 години. Конечно дочекав да имам нормална вода и канализација, а најважно е што влегуваме дома без кал и прашини”, вели жител на еден од краците на ул. „Прогрес“, каде што заврши поплочувањето со бехатон плочки, откако претходно беше променета водоводната и канализационата мрежа.

На средбата со градоначалничката Наташа Петровска, жителите изразија задоволство од тоа што ветеното при санацијата на претходни двата краци, дека дополнително ќе се уредат и останатите, веќе е реализирано.

Во тек е тампонирање на вториот крак, по реконструкцијата на  канализационата и водоводната мрежа. Од страна на Општина Битола во соработка со јавните претпријатија инвестирани се над 890.000 денари за водоводната и канализационата мрежа, а за партерното уредување локалната самоуправа инвестира околу 640.000 денари.

Извор: Општина Битола 

Прочитајте

МЗ: Жителите на општина Илинден ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...