spot_img

Битола: Започна реконструкцијата на улицата Тошо Даскало

ОпштиниБитола: Започна реконструкцијата на улицата Тошо Даскало

Најчитано

Една од најфреквентните улици во градот, која беше доста оштетена, започна да се реконструира. Станува збор за улицата „Тошо Даскало“, каде што е предвидена промена на мешовитата канализациона мрежа од страна на екипите на КЈП „Нискоградба“, водоводни приклучоци кои ќе ги работат екипи на ЈКП „Водовод“ и финално, поставување на нов коловоз.

Градоначалничката Наташа Петровска заедно со дел од тимот задолжен за реализација на проектот, беше информирана за динамиката на работа и зафатите кои овде ќе бидат изведени.

Локалното  население пак изрази задоволство што и оваа улица ќе добие нов лик.

Вредноста на оваа инвестиција од страна на Општина Битола е околу 11.500.000 денари.

Извор: Општина Битола 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе