Во издание на Општина Куманово, од печат излезе зборникот „Навраќање кон Конески“ што го приредија Свето Стаменов, новинар во Македонското радио – Радио Скопје и познат македонски публицист, и проф. д-р Вера Стојчевска-Антиќ, универзитетски професор и истакнат македонски историчар на книжевноста, книжевен теоретичар и славист.
Со овој зборник Општина Куманово се приклучува кон одбележувањето на стогодишнината од раѓањето на великанот на современата македонска култура, Блаже Конески. Зборникот содржи избрани трудови на 29 врвни познавачи на животот и делото на великанот Блаже Конески, кои во целина ќе предизвикаат нови проширени сфаќања и оценки за неговото грандиозно дело.
Извор: Министерство за култура