Град Скопје: Градоначалникот Шилегов во официјална посета на Подгорица

ОпштиниГрад Скопје: Градоначалникот Шилегов во официјална посета на Подгорица
spot_img

Најчитано

spot_img
spot_img

По  повод одбележувањето на Денот на независноста на Црна Гора, 21. Мај,  градоначалникот Петре Шилегов со делегација од Град Скопје, реализираше официјална посета на Подгорица, каде се сретна со градоначалникот Иван Вуковиќ.

Во рамките на посетата Градоначалниот Шилегов присуствуваше на свеченото отворање на реконструираната Куслевова Куќа, која претставува еден од најстарите објекти во центарот на Подгорица, изградена во почетокот на XX век.

По тој повод градоначалникот Вуковиќ изрази особено задоволство од присуството на градоначалникот Шилегов, особено заради македонското потекло на доктор Ристо Куслев кој, како што нагласи, претставува симбол на историската врска и пријателство на двата народи.

Градоначалникот Шилегов и делегацијата на Град Скопје присуствуваа и на поставувањето на камен темелникот на новото училиште во населбата Толоши, како и на завршувањето на изградбата на југо-западната обиколница на Подгорица и новиот мост на реката Морача.

 

 

По повод денот на независноста во рамките на свечените активности беше реализирана и посета на Престолнината Цетиње, музејот на Кралот Никола и откривањето на новиот споменик на црногорската принцеза и италијанска кралица Јелена Петровиќ Савојска, која претставува една од најзначајните жени во црногорската историја.

Извор: Град Скопје 

spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Читај повеќе

spot_img
spot_img